Адвокат Ана Ѓорѓиевска Андриевска има 20 годишно искуство, при што кариерата ја започнува во една од водечките големи адвокатски канцеларии во Скопје, а од 2015 година е самостоен адвокат во сопствена адвокатска канцеларија.
Специјализирана е за водење на трговски и граѓански спорови, како и меѓународна арбитража (искуство со застапување на клиенти пред Меѓународната Виенска Арбитража).
Исто така специјалност и се имотно правни односи и водење на управни постапки пред надлежните државни органи, особено во делот на застапување на клиентите во постапките за јавни набавки, давање на правна помош и совет во подготовка на потребната документација при учество на клиентот во постапки за доделување на договори за јавна набавка и давање на правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањето за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапките за јавна набавка.
Адвокат Ана Ѓорѓиевска Андриевска е Овластен регистрационен агент. Член на Адвокатска комора на РСМ од 2006 година.
Деловно право и Корпоративно управување, Трговско право, Сопственички односи, Работни односи, Облигационо право, Наплата на побарувања.