social image

Адвокат Раде Орџановски

h1-underline

Биографија

Кариерата ја започнува како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија, по што поминува повеќе години како дел од правниот тим во Секторот за корпоративно управување, а потоа и во Секторот за управување со ризици на Охридска Банка Societe Generale Group.
По ова работи на позиција Координатор на Службата за правни и кадровски работи во Македонијатурист АД Скопје.

Адвокат Раде Орџановски е специјализиран особено во делот на водење на стечајни постапки како и наплата на доспеани побарувања, со огромно искуство во широк спектар на модуси на реализација: наплата на проблематични недоспеани пласмани, вонсудска договорна наплата, нотарски и судски платни налози, наплата преку цесии, асигнации, превземања на долг и откуп на побарувања заедно со обезбедувања, наплата во извршни постапки, реализација на меници, залога и хипотеки.

Има значително искуство и во областа на Деловното право и Корпоративното управување, со широки познавања на сите аспекти на работењето на компанииите, со посебен акцент на големите акционерски друштва. Адвокат Раде Орџановски е член на Адвокатска комора на РСМ и Овластен регистрационен агент.

Области на работа:

Деловно право и Корпоративно управување, Трговско право, Банкарско право, Стечај, Работни односи, Облигационо право, Наплата на побарувања.